Showing posts with label Охрид градот на светлината. Show all posts
Showing posts with label Охрид градот на светлината. Show all posts

Sunday, March 11, 2012

Охрид

Охрид, вечниот град на митскиот Балкан, волшебниот рид на Македонија, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите во новите времиња, за навек, бидејќи: 
Тој е жив град две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало. 
Како епископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија и го носи епитетот "балкански Ерусалим". 






Во овој град бил лоциран, преку дејноста на св. Климент Охридски во крајот на IX и почетокот на X век и првиот Сесловенски универзитет во Европа. 
Охрид, бил и најзначајната официјална престолнина на Првата македонско - словенска држава, поточно на Самуиловото Царство. 

Охрид е преродбеничко жариште на Македонија во XIX век со силната максима на еден од најголемите европски интелектуалци од тоа време, охриѓанецот Григор Прличев, наречен Втор Хомер. 
Охрид е и денес културен, духовен и туристички центар на Македонија, и накрај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година!" 

Categories